Дома Фудбал Шокатни вести за Белгијците: Против Англија без трите големи ѕвезди!?

Шокатни вести за Белгијците: Против Англија без трите големи ѕвезди!?

Реномираниот „Скај Спорт“ пренесува најнови вести од таборот на белгискиот национален тим.

Белгијците имаат максимален учинок после првите две кола и одлична гол разлика, па можностите да останат без 1/8 финале се само теоретски.

Имаат шест бодови и гол разлика +6, ги следи Англика со три бода и +1 гол разлика, но и натпревар помалку против Панама. Доколку Англичаите слават што е и за очекување би обезбедиле 1/8 финале за себе и Белгија.

Така во последното коло би играле во директен дуел за првата позиција во групата, а според информациите на „Скај“ Белгијците во овој натпревар ќе бидат сериозно ослабени.

Имено поради повреда под знак прашалник за натпреварот против „Гордиот Албион“ се Дрис Мертенес, Еден Азар и Ромелу Лукаку!

Нивното отсуство би било огромен хендикеп за Белгија и сигурен дека оваа селекција не е иста со и без нив во составот, па Англичаните би имале одлична прилика да стигнат до првото место во оваа група.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Без Бијол и Шешко во Скопје: Словенија брка бараж, Македонија прв бод

Словенците ќе гостуваат со два значајни кадровски проблеми, а Македонија ќе се обиде да ја…