Дома Фудбал Англија Конте и Челзи: Целиот случај завршува на суд поради – СМС порака!

Конте и Челзи: Целиот случај завршува на суд поради – СМС порака!

konte

Oва ќе биде единствен случај во историјата, но сите знаеме каква е намерата…

Челзи се договори со Маурицио Сари, но се обидува да спаси 11 милиони евра кои треба да му ги плати на Конте како оштета за предвремено раскинување на договорот.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Сега адвокатите на Абрамович работат на случај кој би можел да го одведе на суд.

Се работи за пораката која Конте му ја испратил на Диего Коста по завршувањето на шампионската сезоната. Италијанецот му испратил порака во која му порачал дека повеќе не смета на него.

Коста на медиумите им ја откри содржината на пораката, одби да се врати во Лондон, седеше во куќата во Бразил, а клубот го казнуваше.

Челзи од Конте ќе бара оштета бидејќи ја ослаблнал нивната преговарачка позиција со Атлетико кој знаеше дека Бразилецот мора да биде продаден.

Да биде појасно, Конте секако ќе добие 11 милиони евра од Челзи, но ако го изгуби овој процес ќе мора да му плати оштета на Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…