Во вториот натпревар од мундијалската програма денес од 17:00 часот се сретнаа селекциите на Нигерија и Исланд.
Натпреварот помеѓу овие две селекции беше и од исклучителна важност за репрезентацијата на Аргентина која вчера беше поразена од Хрватска со 3:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На крајот резултатот одеше во корист на „Гаучосите“ со оглед дека многу повеќе им одговараше победа на Нигеријците кои на крајот стигнаа до победа од 2:0.
Во првите 45 минути не видовме буквално ништо и веројатно тоа беше најдосадното полувреме досега на Светското првенство, но затоа во второто полувреме беше преполно со возбудувања.
После само четири минути игра, Нигерија стигнува до предност и тоа фантастичен погодок на Ахмед Муса по мајсторскиот прием. Нигерија која беше анемична во првиот дел сега играше одлично и создаваше шанси пред голот на Халфредсон.
Вториот погодок стигна на петнаесетина минути пред крајот и тоа повторно беше дело на напаѓачот на ЦСКА, Муса.
На седум минути пред крајот Исланд доби прилика да го намали резултатот, добија пенал после сигнализацијата на ВАР. Сепак, следуваше лош удар Гифли Сигурдсон. На крајот резултатот не се промени, па Нигеријците освоија важни три бода.
Во следното коло Исланд ќе игра против Хрватска која е сигурен патник во 1/8 финалето, додека Нигерија во директен дуел против Нигерија го решава вториот патник.