Дома Фудбал Италија Рокот за плаќање истече! Ова се трите можни сценарија за Милан

Рокот за плаќање истече! Ова се трите можни сценарија за Милан

Актуелниот сопственик не го испочитува рокот, најверојатно ќе остане без клубот, ова се опциите.

Италијанскиот гигант Милан се наоѓа во големи проблеми.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, Јонгхонг ли, човекот кој од Берлускони го купи клубот минатото лето не го испочитува рокот на УЕФА.

Тој денес до пет часот требаше да исплати сума од 32 милиони евра за да го изедначи долгот кој го направи минатото лето на трансфер пазарот.
Според пишувањето на италијанските медиуми, сега постојат три сценарија за клубот од „Сан Сиро“.

1. Елиот фондот ќе има десет работни денови место Ли да изврши уплата, а доколку на американскиот фонд во тој период му биде вратен долгот, Ли би останал на чело на клубот.

2. Некој друг партнер на Јонгхонг Ли би можел да го врати парите на Елиот фондот. Во последните денови управата на Милан заедно со супер агентот Жорж Мендеш бараат потенцијален партнер кој би му помогнал на Ли со финансиите. Во тој случај Ли заедно со својот нов партнер би останал на чело на клубот.

3. Доколку Ли не ја исплати споменатата сума, Елиот фондот кој во наредните 10 дена ќе може да го подмири долгот на клубот, со цел Милан да не доби санкции од

УЕФА би можжел да започне преговори околу продажба на Милан на заинтересираните клиенти. Тоа би можел да биде американскиот милијардер Томас Рикетс, кој има поголем дел од акциитен а бејзбол клубот Чикаго Кабс и неговото богатство се проценува на 2.2 милијарди евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Невил убеден: На Гвардиола мора да му ветиле спектакуларни засилувања

Maнчестер Сити е во најголемата криза откако Пеп Гвардиола е во клубот, „граѓаните“ нанижа…