Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Бурно кај Германците: Шведски новинар им понудил повратни карти – добил жесток одговор!

Бурно кај Германците: Шведски новинар им понудил повратни карти – добил жесток одговор!

Несекојдневен инцидент се случил на тренингот на актуелниот светски шампион.

Германците не започнаа Мундијалот како што очекуваа, загубија од Мексико во натпреварот во кои беа фаворити, па во утрешниот натпревар против Шведска немаат право на кикс.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шведските новинари веќе ги отпишаа Германците, па еден новинар од оваа земја се одлучи на интересен потег.

Имено, Скандинавецот му врачил две авионски карти за враќање дома на фудбалерот на Јувентус и репрезентативец на Германија, Сами Кедира. Алузијата е јасна Шведска сака победа во утрешниот натпревар со што Германија во тој случај би можела да ги загуби шансите за 1/8 финале.

Сами Кедира реагирал жестоко.

„Не ми требаат. Не ни требаат карти, не одиме дома, а мислам дека нема да ни бидат потребни повратни карти пред 16 јули“, одговорил играчот за врска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…