Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Лотар Матеус не го сака Озил во репрезентацијата: Не ми гајле што не ја пее химната, но…

Лотар Матеус не го сака Озил во репрезентацијата: Не ми гајле што не ја пее химната, но…

После поразот на Германија од Мексико во првото коло јавноста во оваа земја својот бес најмногу го истури врз Месут Озил.

Месут Озил е еден од фудбалерите на Јоаким Лев кој претрпе најмногу критики. Низа германски фудбалски легенди жестоко го нападнаа играчот за врска на Арсенал, а најдиректен беше Лотар Матеус.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Говорот на телото на Озил е негативен. Добивам впечаток дека не се чуствува добро во репрезентација. Не ми изгледа слободно. Како да не сака да игра. Нема, срце, нема радост, нема страст…Не би ме зачудило кога после Мундијалот би ја напуштил репрезентација. Веќе една-две години не игра на нивото кое е потребно“.

„Не ме интересира каков однос има со остатокот од тимот, не ми е гајле што не ја пее химната, тоа е негови збор. Без оглед дали има афрички, турски или германски корени, но…Ме налути тоа што после интонирањето на химните тој беше единствениот кој не ги поздрави навивачите. Така покажа дека не е дел од тимот. Озил не разбира зошто добива критики, бидејќи не разбира што луѓето во Германија очекуваат од луѓето кои ја претставуваат нивната земја“, смета големиот Лотар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Куртоа ги „пецна“ наоаѓачите на Реал по елиминацијата од Арсенал: Го немавме Хозелу!

Голманот на Реал, Тибо Куртоа, ја критикуваше играта на своите соиграчи откако актуелните …