Македонските преставници во Лига Европа, Вардар, Работнички и Шкупи денес ги добија противниците во квалификациите за најмасовното европско натпреварување.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вардар ќе игра против ерменскиот Пјуник, Работнички ќе има тешка задача против унгарски Хонвед, а Шкупи го доби најатрактивниот можен противник, Глазгов Ренџерс.
Глазгов Ренџерс минатата сезона ја заврши на второто во шкотската лига, а познато е дека на клупата ги предводи легендарниот Стивен Џерард.
Првите натпревари се на програмата на 12-ту јули, а реваншите се играат на 19-ти јули.
Вардар и Шкупи реванш натпреварите ќе ги играат на домашен терен.