Англиската репрезентација вечерва го започна својот пат на Мундијалот против селекцијата на Тунис.
Англичаните се фаворити на Мундијалот, а по нешто се и единствени на комплетниот Мундијал.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Имено, од сите репрезентации кои учествуваат на Светското првенство во Русија, Англичаните се единствената селекција која е составена само од играчи кои играат во нивното домашното првенство. Сите 23 мундијалци на Герет Саудгејт играат во клубови од Премиер лигата.

Најмногу играчи Герет Саудгејт избра од Манчестер Јунајтед и Тотенхем од каде има по четири претставници, потоа следи шампионот на Манчестер Сити со тројца претставници.