Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Ако историјата се повтори и третпат во низа, Германија кратко ќе остане во Русија?!

Ако историјата се повтори и третпат во низа, Германија кратко ќе остане во Русија?!

Историјата дефинитивно не е на страната на Германија на ова СП во Русија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германците денес беа поразени од Мексико со 1:0 во првото коло од групната фаза, а тоа можеби и не е изненадување ако ја гледаме историјата која можеби им е наклонета на Елфите на овој Мундијал.

Ако се вратиме неколку години наназад, ќе се сетиме дека Италија го освои СП 2006. година, но четири години подоцна во Ј. Африка, Аѕурите испаднаа веќе во групната фаза. Интересно, таа година Шпанија беше носител на Мундијалот, а четири години подоцна испадна во групната фаза на првенството во Бразил.

Така што, ако историјата и третпат во низа се повтори, Германците многу кратко ќе престојуваат во Русија.

Сепак, олеснителна околност за Елфи е тоа што навистина не се во толку тешка група. По овој меч, Германците ги очекува средби со Шведска и Ј. Кореа и сепак треба да се очекува дека ќе дојдат барем во втората фаза во најмала рака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Шпанија аплицираше за титулата со победа над Австрија

Репрезентациите на Шпанија и Австрија завршија со резултат 3:0 во Инглвуд, Калифорнија, во…