Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Матиќ за инцидентот: Покажавме дека не сме „мекуши“

Матиќ за инцидентот: Покажавме дека не сме „мекуши“

Немања Матиќ во победата на Србија имаше интересен пат, после неубедливото прво полувреме, одигра одлично во вториот дел.

На крајот беше еден од најдобрите поединци на натпреварот.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Се надевам дека ја израдувавме нацијата“, беше првиот коментар на Матиќ.

Асот на Манчестер Јунајтед истакна дека не било лесно да се победи.

„Не знам кој очекуваше лесна победа, ние не го очекувавме тоа. Тука се најдобрите селекции во светот, секој натпревар е борба, секој натпревар е вистинска војна. Знаевме дека Костарика има квалитетот, знаевме и ние што можеме. Заслуживме повеќе од 1:0“.

Финишот од натпреварот донесе и еден дуел на Матиќ со луѓето од табороот на Костарика.

„Не им дозволивме да не провоцираат. Тие се фанатаци, селекциите од тој дел на светот знаат да се служат со валкани трикови, но ние покажавме дека не сме мекуши“, заклучи Матиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Познат е следниот чекор во кариерата на легендарниот Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо е еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, а сега е познат …