Дома Фудбал Репрезентации Германската легенда: Озил и Гундоган треба да бидат исфрлени од репрезентацијата

Германската легенда: Озил и Гундоган треба да бидат исфрлени од репрезентацијата

Кон средината на месец мај репрезентативците на Германија, Месут Озил и Илкај Гундоган се сликаа во Лондон со претседателот на Турција, Таип Ердоган. Со ваквиот потег тие го навлекоа бесот на германската јавност.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Посебно на Германцитен е им се допадна што Гундоган покрај сликата на својот Инстаграм профил додаде опис „Мој претседател“. Еден од многуте кој се за тоа овој двоец да биде исфрлен од репрезентација е легендарниот Стефан Ефенберг.

„Ако германскиот сојуз почитува некои темелни вредност, тогаш тие воопшто не би смееле да играат. Единствената добра одлука би била тие двајца да се исфрлат од репрезентацијата. Озил и Гундоган имаат среќа што германскиот сојуз овој пат не постапуваше по своите правила“, изјави Ефенберг.

Да потсетиме, селекторот Лев истакна дека политиката воопшто не го интересира, а со самото тоа и целиот случај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Арсенал на чекор до титулата

Арсенал направи и предпоследниот чекор кон шампионската титула во Премиер лигата, која му …