Дома Актуелно Договорот на играчот на Тотенхем истекува, Јувентус сака да ја искористи ситуацијата

Договорот на играчот на Тотенхем истекува, Јувентус сака да ја искористи ситуацијата

totenham

Според медиумите во Италија преговорите се започнати.

Изгледа дека Јувентус ја започна мисијата Муса Дембеле. Белгиецот од Тотенхем има 31 година, но договорот му истекува наредното лето и ова е последна шанса за Тотенхем да заработи нешто од неговото заминување.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Кога на еден играч му истекува договорот познато е дека тука е – Јувентус!

Италијанските медиуми откриваат дека Јувентус ги контактирал претставниците на Дембеле и прво ќе се обиде да се договори со играчот, а потоа би започнале преговори со Тотенхем.

Наводно, пред „старата дама“ големиот ривал на клубот од Торино, Интер понудил 10 милиони фунти, но оваа понуда од Лондон брзо беше одбиена. И покрај ситуацијата со договорот Тотенхем за Дембеле бара сума од 30 милиони евра.

Според квалитетите и ситуацијата на денешниот трансфер пазар овој фудбалер сигурно вреди толку, но кога ќе се земе предвид дека неговиот договор истекува за една година, Тотенхем ќе има се помалку шанси да одлучува

Јувентус ова лето се очекува да го напуштат Сами Кедира и Стефано Стураро, а можеби и детето на клубот, Клаудио Маркизо.

Главната желба е Сергеј Милинковиќ Савиќ, сепак преговорите со Лотито ќе бидат пеколно тешки за раководството на шампионот на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Реал за секој гол му плаќа на Ендрик 300 000 евра

Секој гол што Ендрик го постигнал и ќе го постигне за Реал Мадрид ќе го чини клубот 300.00…