Дома Останати Тенис Надал: Не можете да се борите против времето

Надал: Не можете да се борите против времето

Најдобриот тенисер на светот Рафаел Надал во неделата стигна до својот 11. наслов на Роланд Гарос.

Надал продолжи да доминира на парискиот Гренд Слем, победувајќи го Австриецот Тием со 6:4, 6:3, 6:2.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Тешко е да се објасни. Точно е дека во текот на кариерата остварив многу повеќе отколку што некогаш сонував. Но, во исто време, вистина е дена поминав низ тешки моменти, што се однесува на повредите. На пример, на почетокот на сезоната, кога во Австралија бев во добра позиција да се борам за важна титула морав да се повлечам. Во Акапулко повторно се повредив, не можев да играм во Индијана Велс и Мајами.“ – изјави Надал и додаде:

„Имам 32 години, така се и чуствувам. Не можете да се борите против годините и времето. Времето секогаш оди напред. Пред седум-осум години да сте ми рекле дека ќе бидам овде како 32-годишен и дека ќе го држам трофејот, би рекол дека тоа е прилично невозможно, но овде сум.“

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Еве што откажувањето на Алкараз од Ролан Гарос значи за Ѓоковиќ

Во кратки црти – и не премногу, освен што жрепката на Ролан Гарос ќе биде „полесна“ за еде…