Дома Фудбал Репрезентации Турбулентно во редовите на светскиот шампион – Илкај Гундоган испратен со свирежи!

Турбулентно во редовите на светскиот шампион – Илкај Гундоган испратен со свирежи!

Актуелниот светски шампион Германија Мундијалот го дочекува во навистина турбулентна атмосфера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


И покрај добрите подготовки и одличните квалификации во репрезентацијата на Германија имаат за што да бидат загрижени.

Прво, голема прашина се крена со објавувањето на списокот за патници на Мундијалот, односно одлкуката на Лев да не го повика Лерој Сане, но пред тоа се случи нешто што ја подели јавноста во Германија.

Месут Озил и Илкај Гундоган се германски репрезентативци со труско потекло, а ја искористија посетата на претседателот на Турција, Таип Ердоган да се сликаат со него.

Гундоган поради таквиот потег доби свирежи на вчерашниот натпревар, а селекторот на Германија не остана имун на таквите случувања.

„Тој е член на нациомалниот тим и тие свирежи не помогаат на никого. Оставивме премногу простор за контранапади на Саудиска Арабија, но до почетокот на турнирот ќе бидеме максимално спремни“, изјави селекторот на Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Сакаше да игра со Меси, сега ќе игра со него – Каземиро во Интер!

Искусниот бразилски фудбалер Каземиро ќе ја продолжи својата кариера во Интер од Мајами, к…