Дома Трансфер зона Барселона за 443 милиони евра купила 12 играчи!

Барселона за 443 милиони евра купила 12 играчи!

Роберт Фернандез не е повеќе технички директор на Барселона, но после три години ангажман зад себе остави 12 потпишани фудбалери за кои е издвоено 443 милиони евра.

Иако дојде во сезона 2015/16, Фернандез не е одговорен во тој период за доаѓањето на играчи како што се Видал и Арда Туран.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Тој во Барселона ги донесе Умтити, Андре Гомес, Јаспер Цилесен, Денис Суарез, Лукас Диње и Пако Алкасер и сето тоа во првата година.

Следната година ги купи Дембеле, Паулињо, Семедо и Деулофеу, а потоа Фелипе Кутињо и Јери Мина.

Интересно е што под водство на Фернандез повеќе играчи заминале отколку што дошле. Од тимот заминаа Нејмар, Туран, Марлон, Деулофеу, Мунир и Сампер, потоа Алвес, Матју, Сандро, Бартра, Маскерано и Мбола.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер Мајами прави клучен чекор во задржувањето на Меси!

Фудбалскиот клуб Интер Мајами води сериозни преговори со Атлетико Мадрид за трансферот на …