Хари Кејн ова лето се поврзуваше со најголемите европски клубови, најмногу со Реал Мадрид, но сепак како што гласат последните информации на Островот тој ќе потпише нов договор со Тотенхем!
Имено, реномираниот „Дејли Мејл“ попладнево излезе со информација дека се согласил да потпише нов договор со „петлите“, што секако е одлична вест за фановите на овој клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што се наведув Кејн се согласил на нов договор според кој би се обврзал на верност од шест години, но би добил и двојно поголема плата, односно 100.000 фунти неделно.
За целиот договор Тотехем би требало да издвои околу 90 милиони фунти.
Тотенхем, Кејн го доведе во своите младински категории уште во 2004 година, а пет години подоцна беше прекомандуван во првиот тим. Потоа следуваа позајмици во Лејтон Ориент. Милвол, Норвич и Лестер, за денес да биде прва ѕвезда на овој клуб.
Кејн во сезоната која е зад нас постигна 30 погодоци и запиша три асистенции, одигра вкупно 3083 минути и постигнуваше гол на секои 103 минути.
BREAKING: Harry Kane has agreed a new six-year deal with Tottenham that could be worth as much as £90m. He's had his £100,000-a-week salary doubled. (Source: Daily Mail) pic.twitter.com/R0d71rgiwP
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 8, 2018