Дома Фудбал Покетино проговори за Реал: Што ќе се случи, ќе се случи!

Покетино проговори за Реал: Што ќе се случи, ќе се случи!

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино ја отвори отворена можнсоат да се пресели на клупата на Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После заминувањето на Зинедин Зидан, токму Покетино е најголемата желба на „кралскиот“ клуб.

„Реал Мадрид е еден од најголемите клубови во светот. За мене е чест што моето име се поврзува со нив. Што ќе се случи, ќе се случи. Човек секогаш треба да биде спремен за иднината, иако сум задоволен во Тотенхем“, изјави Покетино за шпанските медиуми.

„Јас од сите тренери учам по нешто. Биелса е еден од тренерите поради кои јас станав тренер, но од сите учам по нешто“, додаде Покетино.

Аргентинецот неодамна потпиша нов 5-годишен договор со Тотенхем, па поради тоа англискиот клуб не ни помислува да го ослободи.

Поради тоа шпанските медиуми се погласно шпекулираат дека Реал Мадрид ќе го назначи Гути за нов тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато зошто Гвардиола нема да ја води Италија

Фудбалската репрезентација на Италија ќе мора да причека уште малку за да именува нов селе…