Како што пресува каталонски „Спорт“ ова лето би можеле да видиме соработка на релација Каталонија – Минхен.
Имено, според најавите на медиумот кој важи за добро упатен со случувањата во Барселона, овој клуб е спремен во своите редови да го врати Тиаго Алкантара!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алкантара во Барселона настапуваше четири години од 2009 од 2013 и е производ на познатата школа. Пристигна во младинските категории во 2008, а по една година помината во Барселона „Б“ доби шанса во првиот тим.
Според информациите, Барселона е спремна да го понуди Лукас Диње и плус 50 милиони евра за услугите на Алкантара. Диње претходно настапуваше во Франција за ПСЖ, во Италија за Рома, а сега би можел да добие прилика и да се проба во Бундес лигата.
За Баерн собра 96 настапи и постигна 12 погодоци.