Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Проблем за светскиот шампион: Еден од најважните играчи под знак прашалник за Мундијалот!?

Проблем за светскиот шампион: Еден од најважните играчи под знак прашалник за Мундијалот!?

Проблем за Германците пред Мундијалот….

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Од таборот на актуелниот светски шампион не соопштиле ништо, но медиумите забележаа дека на тренинзите го нема – Меуст Озил!

Фудбалерот на Арсенал е надвор од терените, а „Билд“ тврди дека влече двојна повреда. Поточно, во Премиер лигата заработил повреда на грбот, а потоа во натпреварот против Австрија добил удар во коленото и проблемот не е наивен како што на почетокот се мислеше.

Додека неговите колеги од репрезентацијата времето го поминуваат на теренот, Озил го нема веќе четири дена, работи во теретана и како што сега стојат работите го чека подолга пауза.

Што тоа значи?

Прво, нема да биде во тимот на генералната проба против Саудиска Арабија во петок, а како што стојат работите Лев не ќе може да смета на него и на првиот натпревар од Мундијалот против Мексико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Мбапе веќе не е посакуван во Мадрид: Над 12 милиони навивачи сакаат да си замине!

Килијан Мбапе ја изгуби поддршката од бројни навивачи на Реал ширум светот, што доведе до …