Кристиано Роналдо беше прогласен за најдобар светски фудбалер во изборот на ФИФА и ја искористи шансата не само за лична промоција, туку и за провокација на својот најголем ривал Лионел Меси.
Аргентинецот, заедно со другите претставници на Барселона не присуствуваше на церемонијата во Цирих, што беше главна тема во медиумите.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
„Жалам што фудбалерите на Барселона не присуствуваа на оваа церемонија, но тоа е разбирливо”, изјави Роналдо при примањето на наградата.
Интересно е тоа што ваквата ситуација многу потсетува на онаа од 2012 година со таа разлика што тогаш претставници на Реал и Барселона беа во обратна ситуација. Роналдо и Мурињо беа номинирани за најдобар фудбалер и најдобар тренер, но двајцата, како и останатите од Реал кои беа прогласени во идеалната постава на ФИФА, не заминаа за Цирих, а признанијата им припаднаа на Меси и Гвардиола.
Образложението тогаш беше исто како сега на Барселона, „се подготвуваме за куп-дуелот против Малага“.