Селекторот на репрезентација на Германија, Јоаким Лев вчера ја шокираше јавноста со објавата на списокот за играчи на кои ќе смета за Светското првенство и на кој немаше место за Лерој Сане.
Сане зад себе има фантастична сезона во дресот на Манчестер Сити на собирот на репрезентацијата пристигна во одлична форма. Никој сигурно не можеше ниту да сонува дека Лев на крајот ќе се одлучи да не го повика Сане. Местото на Сане го доби Јулијан Брендт.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес во Германија се пишува дека Лев имал навистина добра причина да не го повика Сане.
Наводно, на Лев не му се допаднало однесувањето на 22 годишниот играч и не сакал да ризикува да ја расипе атмосферата во екипата. Лев им открил на помошниците
дека Сане се однесува премногу арогантно и дека веќе во својата глава е главна ѕвезда на репрезентација.
На сето ова Лев одлучил да реагира со негово изоставување. Извори блиску до репрезентацијата откриваат дека Лев на првите состаноци забележал дека Сане драстично го променил своето однесување кон поголемиот дел играчи.