Дома Фудбал Лига на шампиони Потврдено: Кариус во финалето бранел со потрес на мозок!

Потврдено: Кариус во финалето бранел со потрес на мозок!

Најновата вест која пристигнува од САД фрла целосно поинакво светло на она што се случи во финалето од Лигата на шампионите.

Германскиот чувар на мрежата на Ливерпул, Лорис Кариус доживеал потрес на мозок во финалето од Лигата на шампионите во Киев на 26 мај.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Кариус на прави две кардинални грешки кои неговиот клуб ги плати со титулатата шампион на Европа, а 12 дена подоцна е утврдено дека доживеал потрес на мозокот.

Докторите од болницата во Бостон, утврдија дека Кариус по дуелот со Рамос во 49 минута заработил потрес на мозок.

Само две минути подоцна Кариус направи неверојатен кикс по кој Бензема се запиша во листата на стрелци, а на седум минути пред крајот не успеа да ја исконтролира топката после ударот од далечина на Герет Бејл.

После сето ова споменатот финале добива целосно нова димензија бидејќи е евиндентно дека Кариус заработил сериозни проблеми после дуелот со Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото з…