Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Александар Ѓорѓевиќ рече дека неговата екипа со труд го заслужила финалето од ОИ против САД. Како што рече, среброто ќе биде поттик за продолжение на добрите резултати во иднина.
„Ова беше ’ту мач’ за нас, имаше се и сешто, долго и напорно лето од два и пол месеци и квалификациски турнир, па овие ОИ со навистина добра игра која одеше по добра патека од натпревар во натпревар“, рече Ѓорѓевиќ, додавајќи дека Американците биле физички понадмоќни и дека тоа го запрел протокот на топки.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„На некој начин тука погрешивме. Требаше топката повеќе да оди од рака во рака, па низ додавањата да бараме некои напаѓачки решенија. Бидејќи немавме такви решенија, одбраната трпеше. Дјурант одигра фантастична втора четвртина. Не можам да кажам несекојдневна, бидејќи тој е на тоа ниво, еден од најдобрите, ако не и најдобриот играч на планетава“, рече српскиот селектор.