Дома Топ вести Спектакуларна трампа: Јувентус го дава Игуаин за Мората

Спектакуларна трампа: Јувентус го дава Игуаин за Мората

Се погласни се шпекулациите дека Гонзало Игуаин ова лето ќе го напушти Јувентус, а сега медиумите пренесуваат дека може да дојде до голема трампа помеѓу Челзи и „старата дама“.

Не е тајна дека „бјанконерите“ сакаат да го вратат во своите редови Алваро Мората, кој минатото лето пристигна на „Стенфорд Бриџ“ за 65 милиони евра.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Шпанецот не се снајде баш најдобро во Премиер лигата и сака да се врати во Италија, па Јувентус во него гледа идеален наследник за Игуаин.

Италијанските медиуми тврдат дека и Челзи е заинтересиран за ваква трампа и дека двата клуба наскоро би требало да седнат на преговарачка маса.

Игуаин минатата сезона постигна 23 гола и осум асистенции на 50 натпревари, додека Мората постигна само 15 гола со шест асистенции на 48 меча.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…