Бразилецот Фернандињо откри дека неговиот соиграч Нејмар ќе биде максимално спремен за Мундијалот во Русија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Напаѓачот на Пари Сен Жермен во февруари заработи тешка повреда и се уште е надвор од терените. Последните најави се дека тој ќе биде спремен уште за пријателскиот натпревар помеѓу Бразил и Хрватска.
„Повредата која имаше Нејмар е тешка. Можам тоа да ви го кажам бидејќи и јас самиот поминав низ нешто слично. Тоа е компликуван процес на опоравување. Меѓутоа кога го гледам на тренинзите ми изгледа спремно. Добро му оди, му се враќа самодовербата. Тоа е многу важно. Не се плаши да проба нешто ново. Сакаме да биде спремен за првиот натпревар на Мундијалот бидејќи нема сомневање дека е играч кој може да направи разлика во наша корист“, изјави Фернандињо.
Бразилците Мундијалот го започнуваат со натпреварот против Швајцарија на 17 јуни, а во нивната група се наоѓаат уште Србија и Костарика.