Дома Фудбал Останато Инсајдери тврдат: Милан се соочува со судбината на Црвена Звезда!

Инсајдери тврдат: Милан се соочува со судбината на Црвена Звезда!

jonghong li

Повикувајќи се на инсајдери од УЕФА, италијанските медиуми тврдат дека – Милан ќе биде исфрлен од Европа!

Сопственикот на Милан до понеделник мора да уплати рата од 10 милиони долари, плус 30 до крајот на месецот. Во случај да не се случи тоа клубот до крајот на јуни би можел да премине во рацете на инвестициониот фонд Елиот на кого Јонгхонг Ли му должи 303 милиони евра!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тоа беше позајмицата која му овозможи на Милан минатото лето да вложи 220 милиони евра во купување на играчи.
Навивачите се разочарани, Елиот бара купувач, но јасно е дека од големи зсилувања нема да има ништо.

На сето тоа евентуалното исфрлување во Европа дополнително би го нарушило угледот на клубот и би било причина спонзорите да си заминат, а тоа би создало проблем во пронаоѓањето на сериозен купувач.

Постојат различни информации, но УЕФА го одби планот на Милан, а потоа и договорот за мај, со тоа веројатно индиректно порача дека главен проблем е сомнителниот сопственик. Тоа наводно предизвикало судир во самиот клуб, уште Милан дојде до идеја да ја тужи УЕФА поради нерамноправен третман што би било голем преседан.

Ако инсајдерските информации се точно, Милан би станал вториот клуб после Звезда кој бил поранешен европски шампион и е исфрлен од натпреварувањата во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…