Според пишувањата на медиумите на Островот, Роман Абрамович наводно размислува за продажба на екипата на Челзи.
„Тајмс“ пишува дека Абрамович е спремен да го продаде лондонскиот клуб откако властите во Велика Британија одбиле да му издадат продолжување на визата со што го изгуби правото на склучување зделки и работење во оваа земја.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот потег Абрамович го направи така што го „замрзна“ проектот за реконструкција на „Стенфорд Бриџ“ во кој беше спремен да вложи 570 милиони евра.
Клубот оваа одлука вчера ја потврди на своите официјални страни, а како причина се наведува „неповолната клима за вложувања“ и запрени се сите апсолутно сите планови околу реконструкцијата.
Како што пишува „Тајмс“ Абрамович поради ваквата ситуација е спремен да го продаде клубот. Се споменува дури сума – 1.2 милијарди евра.
Абрамович клубот го купи во 2003 година за 160 милиони евра и за 15 години вложи 1.14 милијарда евра.
За време на неговото водење Челзи освои пет титули шампион на Англија, Лига на шампиони, Лига Европа, пет трофеи во ФА Купот и три трофеи во Лига купот.