Раководството на Барселона не ги пушти фудбалерите да патуваат на церемонијата во Цирих каде што денеска ќе биде прогласен најдобриот фудбалер за 2016 година.
Годинава ФИФА и „Франс фудбал“ одново делат различни награди, па откако „Златната топка“ ја доби Кристиано Роналдо, Португалецот и според ФИФА ќе биде најголем фаворит во конкуренција на Меси и Гризман.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пике, Меси, Иниеста и Суарез, кои се номинирани во различни категории и се членови на идеалниот тим, нема да бидат дел од церемонијата. Причината која се наведува во соопштението е подготовката на возвратниот натпревар од осминафиналето на Купот на Кралот со Атлетик Билбао во среда навечер.
„Сакаме подобро да се подготвиме за реваншот против Атлетик Билбао во Купот на Шпанија. Им благодариме на ФИФА и на Инфантино, но не можеме да бидеме дел од оваа церемонија“, стои во соопштението од Барселона.
Сепак, медиумите тврдат дека претставниците на Барселона нема да одат на церемонијата бидејќи на истата за најдобар фудбалер ќе биде прогласен Кристиано Роналдо.