Како што изгледа ситуацијата во овој момент до крајот на неделата се би можело да биде завршено…
Изгледа дека се ближи крајот на влеењето на Кинезите во Милан и дека Јонгхонг Ли е главната препрека за договор со УЕФА, но и функционирањето на клубот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сомнителниот кинески бизнисмен е во големи проблеми, одби репрограма, нема пари, уште од минатото лето се зборуваше дека нешто не е како што треба, а Марчело Липи тогаш изјави дека никој од сериозните бизнис луѓе не слушнал за овој „бизнисмен“.
Некои членови на неговото семејство се споменуваа во судски процеси поради измама, а неговиот брат завршил во затвор.
Новинарите забележале празна канцеларија во наводната фима и еден факс во заклучената просторија.
Сега работите изгледа дојдоа до крајот и Ли изгледа нема време за нови игри. Ако овој човек не обезбеди десет милиони долари до крајот на оваа недела ќе го изгуби клубот кој ќе премине во рацете на фондот „Елиот“ од каде што Ли минатото лето зема позајмица.
Тогаш Американците ќе се обидат да пронајдат нов сопственик, но и Ли да уплати десет милиони долари, заедно со Милан мора да плати 300 милиони евра до октомври.
Директорите Фасоне и Мирабели се против сопственикот и сето тоа влијеа на стабилноста на клубот, но и засилувањата. Како и да е ова е можеби и ситуација која многумина ја очекуваа после појавувањето на приказните за нова продажба Милан…