Дома Тенис ВИДЕО: Ѓоковиќ за малку ќе беше дисквалификуван од Ролан Гарос

ВИДЕО: Ѓоковиќ за малку ќе беше дисквалификуван од Ролан Гарос

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ вчера во првото коло од Роланд Гарос го победи Бразилеот Рожерио Дутра да Силва.

Ѓоковиќ одигра рутински натпревар кој му обезбеди пласман во вториот круг, но „Еуроспорт“ пишува дека многу лесно вчера можеше да биде дисквалификуван.

Имено, тој во еден момент од третиот сет се изнервира по еден поен и топката со рекетот ја удри кон столот каде што седеше тенисерот. Како што пренесува споменатиот извор, со топката да удреше некого, Новак би бил дисквалификуван.

Иако публиката го исвирка Ѓоковиќ, сепак српскиот тенисер се извини и на крајот се заврши добро. Потсетуваме, Ноле утре во второто коло ќе игра против Шпанецот Мунар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Милевска меѓу најдобрите поентерки, ЧСМ ја запиша првата лигашка победа

Андротеа Милевска се врати по повредата со успешен првенствен настап за ЧСМ Букурешт. Маке…