Жерард Пике не можеше да ја смири нервозата и страста после ремито против Виљареал и предизвика скандал.
Имено, по завршувањето на мечот Пике се упати кон свечената ложа, каде со прст покажа кон претседателот на Примера, Хавиер Тебас, кој е нескриен навивач на Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пике му се обрати со зборовите: „Дали го виде ова? Да, баш тебе ти се обраќам! Го виде ли ова?
Дефанзивецот алудираше на двете сомнителни ситуации во шеснаесетникот на Виљареал за кои играчите на Барселона бараа пенал.
„Бруно Сориано два пати играше со рака во шеснаесетникот на Виљареал и ништо. Да, видов дека и Маскерано играше со рака, но тука зборуваме за намера и за ненамерно удирање. Не ми е гајле дали Ла Лига ќе ме казни, ќе продолжам да ја кажувам вистината и она што го гледам. Судиите секоја недела ме уверуваат дека сум во право”, изјави Пике.