Дома Фудбал Лига на шампиони На Рамос не му е прв пат: Идентично стартуваше и во финалето против Јувентус! (Видео)

На Рамос не му е прв пат: Идентично стартуваше и во финалето против Јувентус! (Видео)

ramos

Фудбалскиот свет се уште зборува за повредата на Мохамед Салах во Лигата на шампионите.

Египќанецот после дуелот со Серхио Рамос го повреди левото рамо и мораше да ја напушти играта. Потоа Реал славеше со 3:1 и ја освои 13-та титула европски шампион,


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа голем број навивачи сметаат дека Рамос стартувал со намера да го повреди Салах. Капитенот на Реал ѕвездата на Ливерпул ја повлече за десната рака и заедно завршија на тревникот. Салах незгодно падна левото рамо, го повреди и не можеше да го продолжи натпреварот.

Тревникот го напушти во солзи, а Рамос по натпреварот преку социјалните мрежи му посака брзо опоравување.

Сега, сите оние кои веруваат дека Рамос намерно го повредил Салах ќе имаат и уште еден аргумент. Имено, во финалето минатата година во Кардиф кога Реал со 4:1 го победи Јувентуд. Во 31 минута од натпреварот на средината на теренот се бореше со топка со Дани Алвес кого го собори на сличен начин.

Во таа ситуација Алвес имаше среќа и ја извлече раката и не дозволи таа да заврши под Рамос со што избегна и повреда. За тој старт во капитенот на Реал доби жолт картон, додека во Киев помина без опомена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Историска победа, Македонија оди на Светско првенство

Македонија вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ успеа да ги надполни седумте голови негатива о…