Дома Фудбал Лига на шампиони Хендерсон: Реал поведе од офсајд, повредата на Салах е клучот

Хендерсон: Реал поведе од офсајд, повредата на Салах е клучот

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон истакна дека повредата и напуштањето од игра на Салах беше пресудна во финалето на ЛШ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ливерпул без Египќанецот играше од 31. минута, што се одрази и на играта. Во продолжението Кралевите имаат повеќе од играта, а кога на тоа се додаде и лошите интервенции на голманот Кариус, Реал заслужено дојде до победата.

„Кога Мо излезе, Реал почна да доминира. Постигнаа водечки погодок од офсајд, но останавме во натпреварот. Верувавме дека можеме да вратиме, но примивме голови кои не требаше.“ – изјави Хендо и додаде:

„Одиме понатаму. Следи Мундијалот, а потоа новата сезоната почнува брзо. Горди сме на постигнатото оваа сезона. Ќе не боли овој пораз, но мора да продолжиме понатаму.“

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Reакцијата на Инфантино по голот на Египет може да биде предмет на нов скандал на Мундијалот

Натпреварот меѓу Аргентина и Египет на Светското првенство донесе вистинска фудбалска драм…