Дома Фудбал Лига на шампиони Роналдо: Лига на шампиони треба да се вика КР7

Роналдо: Лига на шампиони треба да се вика КР7

Најдобриот играч на мадридски Реал, Кристијано Роналдо беше среќен по освојувањето на третата шампионска титула во низа, а негова петта во кариерата, но по ова финале го донесе во прашање неговото продолжување на кариерата во Мадрид.

„Сега ќе уживам, а дали ќе останам, ќе видиме. Беше прекрасно да бидам во Мадрид, ќе дадам одговор на навивачите кои се покрај мене. Сега е време за уживање, не е иднината на играчите најважна, ќе зборувам наредните денови. Не е битно, морам да се одморам, следи Мундијалот.“ – изјави Роналдо.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Португалецот во финалето остана без погодок, но сезоната ја заврши како најдобар стрелец со 15 погодоци.

„Не сум разочаран што не дадов гол. Па, Лига на шампиони треба да го промени името во КР7 Лига на шампиони. Кој го освоил ова натпреварување повеќе од мене? Кој постигнал повеќе погодоци од мене?“ – запраша најдобриот светски фудбалер.

Со петата титула во ЛШ, Роналдо на листата се изедначи со легендарниот Малдини. Поранешниот дефанзивец сите пет титули ги освои со Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Слот има за што да биде среќен: Ливерпул ангажира ѕвезда на Баерн вредна 65 милиони евра?

Иако во последните денови во фокусот на Ливерпул е ситуацијата околу Мохамед Салах, кој из…