Финалето од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул на програмата е вечерва од 20:45 на Оимпискиот стадион во Киев.
Откако пред три недели на својата официјална страница објави дека Ливерпул е нов европски шампион, УЕФА денес направи нов пропуст.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Иако Зидан и Клоп на официјалните пресконференции не сакаа да ги објават стартните постави за вечерашното финале, сепак во јавност се појави фотографија од стартните постави на двата тима.
Ден пред финалето на Олимпискиот стадион во Киев на еден од мониторите беа прикажани стартните постви на Ливерпул и Реал Мадрид.
Претставниците на УЕФА се извинија за пропустот, но потенцираа дека станува збор за вообичаена проба.
