Дома Фудбал Лига на шампиони Десетмина стартери се сигурни, Зидан има само една дилема! (видео)

Десетмина стартери се сигурни, Зидан има само една дилема! (видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид веќе пристигнаа во Киев и денес го одработија првиот тренинг на Олимпискиот стадионот пред утрешното финале во Лигата на шампиони.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Зидан веќе ги одредил 10-те стартери за утрешниот меч и има само една дилема.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако до вчера се тврдеше дека Иско ќе биде фаворит да го стартува мечот позади Роналдо и Бензема, на денешниот тренинг Зизу му даде предност на Герет Бејл во стартниот состав.

Многу е веројатно дека „кралевите“ утре ќе стартуваат со форимација 4-3-3, а во моментов Велшанецот е во предност пред Иско и Асенсио.

Во остатокот од тимот нема изненадувања, Карвахал, Варан, Рамос и Марсело ќе делуваат пред голманот Навас, а во средниот ред стартери ќе бидат Каземиро, Модриќ и Крос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дерби на денот: На кого „милионите“ ќе му донесат среќа?

Денес продолжуваат полуфиналните дуели од Лигата на шампиони, па очите на фудбалска Европа…