Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер уште еднаш изрази надеж дека двете ѕвезди, Месут Озил и Алексис Санчез ќе ја продолжат верноста кон „топџиите“.
Новите договори на Сачез и Озил се главна тема во Арсенал веќе подолго време, па фановите стравуваат дека можат да ги загубат двете најголеми ѕвезди следното лето.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Сепак Венгер ги смири фановите и истакна дека двајцата фудбалери сакаат да останат, а клубот нема да жали пари за да ги задржи во своите редови.
„И двајцата ми кажаа дека сакаат да останат. Преговорите се почнати. Се почнува и завршува со парите, и тоа дали играчот сака да остане или да си замине. Кога играчот сака да остане, многу е поедноставно да се постигне договор“, истакна Венгер.
„Санчез е верен и тој сака да остане во Арсенал. Верувам дека ќе успееме да се договориме. Не се плашиме да потрошиме пари и не се плашиме да покажеме дека ни се потребни играчите“, заклучи искусниот стратег.