Дома Фудбал Останато Па, што прави ова момче: Рабио, знаеш ли дека ваквко нешто кај Германец не смееш да си дозволиш?

Па, што прави ова момче: Рабио, знаеш ли дека ваквко нешто кај Германец не смееш да си дозволиш?

Aдриен Рабио направи преседан така што побара од селекторот на Франција Дидие Дешамп да го отстрани од списокот на листата со резервни играчи за Светското првенство.

Ваквиот потег наиде не жестоки реакции во француската јавност и играчот од средниот ред на ПСЖ веројатно подолго време ќе почека за прв настап во дресот на „Триколорите“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


За хаосот да биде целосен Рабио се погрижи веќе денес. Имено тој одлучил да го откаже претходно договорениот состанок со новиот тренер на ПСЖ, Томас Тухел и отпатувал на годишен одмор.

Како што пишуваат медиумите во Франција, Рабио само кратко порачал дека се враќа на 2 јули кога во ПСЖ пристигнуваат играчите кои не играат Мундијалот во Русија.

Прашање е само каков статус после ова ќе има Рабио кај новиот стратег на Пари Сен Жермен кој е Германец и јасно е ја цени дисциплината во екипата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Турската фудбалска федерација суспендира 149 судии поради скандалот со обложувањата

Турската фудбалска федерација (ТФФ) времено суспендираше 149 судии и асистенти како резулт…