Роберто Манчини денес ја имаше првата пресконференција како селектор на Италија, пред престојните пријателски дуели.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Италија за прв пат после многу години го нема Буфон во репрезентацијата, но Манчини откри дека легендарниот голман нема да се пензионира и дека во иднина повторно може да се приклучи во репрезентацијата.
„Имав телефонски разговор со него и тој ми објасни која е неговата намера. Тој сака да продолжи да игра, а оној којшто игра и го прави тоа на највисоко ниво, може да добие повик од репрезентацијата“, откри Манчини.
Медиумите тврдат дека Буфон има понуда од Пари Сент Жермен и дека готово сигурно кариерата ќе ја продолжи во Париз.