Дома Топ вести Барса бесна на судиите: Дајте им го трофејот на Реал, немојте да се срамите!

Барса бесна на судиите: Дајте им го трофејот на Реал, немојте да се срамите!

Барселона загуби против Билбао со 2:1 на првиот осминафинален натпревар од Купот, но Каталонците се жалат на судијата и тврдат дека биле оштетени на „Сан Мамеш“.

Играчите на Барселона се огорчени на судијата, а најгласен како и обично беше Жерар Пике, кој во целата приказна го вклучи и најголемиот ривал Реал Мадрид.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не ни досудија два чисти пенали, еден над Нејмар и еден над мене“, изјави Пике.

Во 36-та минута Адуриз го удри Умтити во лице, но судијата не го исклучи од игра.

„Но, сите знаеме како оди тоа. Видовме што се случи на натпреварот Реал и Севиља. Не е ни рв ни последен пат. Сакаме да играме фудбал, а не рулет“, грмеше Пике по натпреварот.

Играчите на Барса беа толку изнервирани од судиските одлуки, па наводно за време на натпреварот саркастично им довикнувале на судиите: „Дајте им го трофејот на Реал, немојте да се срамите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Спалети го сака Фратези во Јуве

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фрате…