Кошаркарите на Голден Стејт забележаа нова победа, шампионот Кливленд загуби во Чикаго, Клиперси ја прекинаа низата од шест порази, а Расел Вестбрук доби техничка бидејќи го погоди судијата со топка во главата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вестбрук зад себе остави една од најлошите вечери во сезоната. Шутираше само со просек од 32%, неговиот тим загуби од Шарлот, а Вестбрук доби и техничка грешка, откако со топката удри еден од судиите во главата. Тој се правдаше дека не е намерно, но судијата не отстапи од својата одлука.
Голден Стејт запиша нова победа и ја задржа лидерската позиција на табелата. Вориорс славеа над Портланд 125:117, благодарение на одличното издание на Стеф Кари и Кевин Дурент кои постигнаа 35, односно 30 поени. Кај Порталнд се истакна Си Џеј Мекалум со 35 кошеви.
Резултати:
Шарлот – Оклахома 123:112
Орландо – Атланта 92:111
Њујорк – Милвоки 104:105
Кливленд – Чикаго 94:106
Голден стејт – Портланд 125:117
ЛА Клиперс – 115:106
Сакраменто – Мајами 102:107