Дома Фудбал Останато Наскоро и официјална потврда: Мануел Пелегрини се враќа во Премиер лигата

Наскоро и официјална потврда: Мануел Пелегрини се враќа во Премиер лигата

Чилеанскиот стручњак Мануел Пелегрини изминатите две сезони ги помина во Кина на клупата на Хебеи Фортун, а сега се враќа во Европа!

Имено, овој поранешен тренер на Реал Мадрид и Манчестер Сити за времето поминато во Кина заработи околу 20 милиони евра.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Веќе некое време се пишуваше дека Пелегрини има желба да се врати во Европа, како негов нов клуб се споменуваше Севиља, но сепак тренерската кариера ќе ја продолжи во Англија.

Последните информации говорат дека Пелегрини се договорил со тимот на Вест Хем со кој ќе потпише договор на три години. Ваквите информации наскоро би требало и официјално да биде потврдено.

Иначе, Пелегрини и тоа како има искуство во Премиер лигата бидејќи со Манчестер Сити стигна до титулата во 2014 година, а „граѓаните“ ги предводеше и до два трофеи во Лига Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид може да заработи 30 милиони евра од фудбалер кој си замина пред три години

Реал Мадрид ова лето би можел да добие сосема неочекувана финансиска поддршка благодарение…