Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Ѕвездата на Сити ја менува репрезентацијата еден месец пред Светското првенство!?

Ѕвездата на Сити ја менува репрезентацијата еден месец пред Светското првенство!?

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Емерик Лапорте не се најде на списокот на францускиот селектор Дешамп за Светското првенство.

Дешамп вчера покрај стандардниот список од 23 фудбалери го соопши и резервниот список, но и таму немаше место за ѕвездата на „граѓаните“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според информациите кои доаѓаат од Франција, Лапорте е спремен да го промени спортското државјанство и постои голема можност на крајот да биде повикан за репрезентацијата на Шпанија.

Лапорте е роден во Франција, меѓутоа скоро целиот живот го помина во Баскија и кариерата ја изгради во Атлетик Билбао, па има и шпанско државјанство.

Французите веруваат дека неговото име не се нашло на списикот на Дешамп бидејќи Лапорте го прифатил повикот од „црвената фурија“.

Селекторот на Шпанија, Лопатеги конечниот список за СП ќе го соопшти во понеделник, па инетресно е да видиме дали Лопатеги ќе се најде на него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…