Дома Фудбал Останато Касиљас прсече: Одлуката падна, останува ли на „Драгао“

Касиљас прсече: Одлуката падна, останува ли на „Драгао“

Како што пренесуваат португалските медиуми, Икер Касиљас ќе остане уште една година во редовите на португалскиот шампион, Порто.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Касиљас пред три години пристигна на „Драгао“ од мадридски Реал, оваа сезона често беше и на клупата, со оглед на тоа дека шанса добиваше младиот Жосе Са, но запиша 19 настапи во Примера и уште три во Лигата на шампионите, како и четири во португалскиот куп.

Одлучи сепак да остане во редовите на португалскиот клуб и следната сезона, ќе парафира едногодишна соработка, а притоа прифати и намалување на платата.

Имаше разни приказни врзани за Касиљас во изминатиот период, со оглед на тоа дека му истекува договорот со Порто на крајот од сезоната, често беше поврзуван со заминување од Португалија дури и со преминување во Премиер лигата.

Сепак, Касиљас одлучи да остане на „Драгао“, ќе бидиме дали и својата професионална кариера ќе ја заврши токму во дресот на Порто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …