Дома Фудбал Останато Солзи во Лион: Заврши финалето за Димитри Паје, Гризман беше тука да го утеши (Фото+Видео)

Солзи во Лион: Заврши финалето за Димитри Паје, Гризман беше тука да го утеши (Фото+Видео)

Марсеј и Атлетико во Лион го играат финалето во Лигата на Европа, а во овој момент „јорганџиите“ имаат предност од 0:1 (погодок на Гризман можете да го погледнете тука).

Французите добро го отворија натпреварот создаваа повеќе шанси, но потоа следуваше големата грешка на Замба Ангуисе која ја казни Антоан Гризман.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тоа како да беше само почеток за проблемите на Марсеј. Најдобриот играч на овој тим и капитенот Димитри Паје мораше да го напушти финалето во 32 минута од натпреварот.

Паје се повреди пред неколку дена, но силно сакаше да игра во финалето. Се најде во првиот состав, но едноставно не можеше и после половина час во солзи го напушти теренот.

Својот сонародник по излегувањето се обидуваше да го утеши и стрелецот на голот Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…