Дома Топ вести Боли глава – Седум понуди на маса за Марио Балотели

Боли глава – Седум понуди на маса за Марио Балотели

Најбараниот на трансфер пазарот, затоа што е бесплатен, затоа што одигра две одлични сезони и што е најважно, затоа што созреа.

Марио Балотели ја заврши двегодишната мисија во Ница, ги тресеше мрежите, надвор од теренот се беше во ред, изгледа дека ‘лудите години’ се минато, па како слободен играч многу клубови го посакуваат во своите редови.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Моментално, тој има седум понуди, а три се до Италија.

Наводно во своите редови го посакуваат Рома, Наполи и поранешниот клуб Интер каде би бил алтернативна замена за Икарди.

Надвор од Италија има подобри финансиски понуди, пред се од Галатасарај, но и од Русија, ЦСКА Москва со задоволство би го ангажирала Супер Марио, а може да остане и во Франција, Марсеј, финалистот во ЛЕ исто така покажува интерес.

И на крајот, можеби и најблиску до неговиот потпис е Борусија Дортмунд, а каков би бил идол на “Жолтиот ѕид” за тоа не треба посебно да зборуваме.

За две години во Ница, Балотели одигра 50 натпревари и постигна 33 погодоци во шампионатот.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ЈУНАЈТЕД НЕ ЖАЛИ ПАРИ: Ќе го рушат рекордот за потпис на големо засилување!

Манчестер Јунајтед се наоѓа на седмото место во Премиер лигата, со променливи игри. Послед…