Дома Фудбал Англија Конте: Ако играме вака немаме шанси во финалето!

Конте: Ако играме вака немаме шанси во финалето!

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте ги предупреди своите фудбалери дека треба да ги подобрат перформансите за претстојниот дуел со Манчестер Јунајтед.

Челзи ќе ги одмери силите против Манчестер Јунајтед во финалето од ФА Купот во сабота, што ќе биде можност за спас на сезоната.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Сините“ останаа без пласман во Лигата на шампиони, а вчера сезоната ја завршија со пораз од Њукасл (3:0).

„За мечот со Манчестер Јунајтед сигурно треба да ја промениме играта. Со ваква игра немаме шанси во финалето. Имаме шест дена, за да го смениме нашиот пристап и желба да се бориме. Нашите фанови заслужуваат повеќе“, изјави Антонио Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Првите денови на јануари носат голем трансфер: Семењо договори лични услови со три клуба

Јануарскиот преоден рок во 2026 година сигурно ќе донесе спектакуларни трансфери, а еден о…