Дома Фудбал Италија Италија на нозе: Кој е фаворит во вечерашното финале за легендарниот Пирло?!

Италија на нозе: Кој е фаворит во вечерашното финале за легендарниот Пирло?!

На стадионот „Олимпико“ во Рим, вечерва се игра финалниот меч од Купот на Италија во кој ќе се сретнат Јувентус и Милан.

Шанса да игра за обата клуба и поддеднакво да остави белег во својата богата кариера имаше и Андреа Пирло. Мајсторот од Апенините неодамна ја заврши својата играчка кариера и во план наскоро има да почне да се занимава со тренерската професија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сигурно е дека Пирло ќе биде среќен со секој исход на вечерашното финале, но за италијанските медиуми откри дека некако повеќе се надева на победа на Милан. Легендарниот Пирло верува дека освојување на Купот на Италија би било добар почеток во новата ера на „Росонерите“.

„Очекувам еднаков дуел. Во финале никогаш немате фаворит без оглед во каква форма се екипите. Среќен сум што Гатузо е на клупата на Милан бидејќи се гледа дека се врати духот во тимот. Поради него би сакал вечерва Милан да го освои трофејот“, истакна Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Изненадуваање: Дресот на Лионел Меси веќе не е најпродаван во САД

Дресот на Лионел Меси долго време беше најпопуларен по продажба во САД, но веќе не е така.…