Вилфред Заха важеше за огромен талент кога пристигна во Манчестер Јунајтед, но на „Олд Трафорд“ не успеа да се докаже.
Во послдните две сезони блеска во дресот на Кристал Палас и повторно го привлече вниманието на скоро сите англиски гиганти.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Наградата за неговите фантастични партии пристигна денес, кога Заха беше избран за играч на месецот во Премиер лигата.
Заха оваа сезона одигра 28 натпревари на кои постигна 8 гола и запиша 5 асистенции, па ова лето најверојатно ќе направи трансфер во некој поголем клуб.
Тотенхем, Арсенал и Манчестер Сити се заинтересирани за неговиот потпис, а Кристал Палас за неговата слобода бара 45 милиони евра.
Congratulations Wilfried Zaha, April's Player of the Month ? pic.twitter.com/Zc0oDiweNo
— Goal (@goal) May 9, 2018