Најдобриот германски голман Мануел Нојер неодамна се врати на тренинзите после повеќемесечна пауза.
Нојер е надвор од терените уште од септември минатата година кога заработи повреда, а потоа го оперира стапалото и до неодамна беше во процес на рехабилитација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, се чини дека Нојер се уште не е потполно спремен за новите предизвици за што сведочи неговата изјава поврзана за настап на СП, кое започнува за нешто повеќе од еден месец.
На прашањето дали е сигурен дека ќе настапи за Германија на Мундијалот, Нојер даде одговор со кој ги загрижи навивачите на оваа селекција.
„Не можам тоа да го кажам во овој момент. Се чуствувам добро, но се уште ништо не се знае. Ќе ја донесам најдобрата одлука, како за мене, така и за екипата. Се трудам колку можам и ќе продолжам со тренинзите, но ќе видиме дали тоа ќе биде доволно.“ – рече Нојер.
Во случај Нојер да не биде спремен, за Германија во Русија најверојатно ќе брани голманот на Барселона, Тер Штеген.